Чест ми е што денеска мој гостин беше амбасадорот на Франција во Република Македонија, Кристоф Ле Риголер кој беше во прва официјална посета на Општина Охрид.
На средбата разговаравме за приоритетните инфраструктурни проекти на кои работи општината, како и сите значајни капитални инвестиции кои се приоритет на локалната власт во иднина. Беше разговарано и за конкретните активности во делот на заштита и зачувување на животната средина и Охридското Езеро.
Го информирав амбасадорот за начинот на функционирање на туристичкиот сектор во Охрид и подготовката на новата Стратегија за развој на туризмот, која ќе придонесе за поквалитетен туристички производ во иднина.
Тема на разговор беше и реализацијата на иницијативата за воспоставување на поголемо меѓунaродно партнерство помеѓу Општина Охрид и Општина Бонди од Париз. Беше потенцирано дека оваа соработка ќе придонесе за продлабочување на пријателството помеѓу македонскиот и францускиот народ, во насока на промоција на ликот и делото на светски познатиот научник д-р Анастас Коцарев, кој е по потекло од Охрид, а живеел и работел во Париз.
Се разговараше и за конкретни активности во делот на образованието и интересот за изучување на францускиот јазик во основните и средните училишта во Охрид, при што ја истакнав мојата отвореност за унапредување на соработката со француската амбасада во текот на наредниот период.











