АктуелноОхрид

На плоштадот во Охрид, на Св. Никола доделени над 3500 пакетчиња

Со искрена радост денеска присуствував на големата хуманитарна манифестација на градскиот плоштад на која беа поделени над 3.500 новогодишни пакетчиња за дечињата од охридската градинка, првачињата од основните училишта во Охрид, како и дечињата со посебни потреби.
Детските насмевки се најголемата потврда дека заедништвото, солидарноста и грижата за другите се вистинските вредности кои треба да ги негуваме, особено во празничниот период.
Општина Охрид и понатаму ќе биде силен поддржувач на вакви хумани активности кои носат надеж, топлина и поддршка таму каде што е најпотребно. Во духот на празникот „Свети Никола“, заедно со Македонската православна црква – Дебарско-кичевската епархија, „СОС Балкан Медиа“ и општествено одговорните компании, испраќаме јасна порака на љубов и солидарност.
Им благодарам на сите кои несебично придонесоа и беа дел од оваа манифестација и кои континуирано ги поддржуваат сите хумани активности во Охрид.