По повод Детската недела, учениците од прво одделение при ООУ „Јосип Броз Тито“ – Струга, преку современо и креативно видео изработено со помош на вештачка интелигенција, го одбележаа приемот во Детската организација.
Видеото е подготвено во соработка со BitVibeSound Studio, а во главните улоги се најмладите ученици, кои преку овој несекојдневен проект ја пренесуваат пораката за значењето на детството, другарството, љубопитноста и знаењето.
Од училиштето упатија честитки до првачињата по повод нивниот прием во Детската организација, посакувајќи им детството да им биде исполнето со радост, искрени пријателства, нови сознанија и незаборавни спомени.
Преку оваа иницијатива, училиштето ја истакнува важноста на современите технологии во образованието, но и на негувањето на детските вредности, со порака дека најмладите се иднината, гордоста и најголемата радост на општеството.


















