АктуелноОхрид

Пронајдени шишиња со непозната течност кај лице од Охрид

На 17.12.2025 година во 17:50 часот, на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода  лице на (35)г. од Охрид и притоа, кај него пронајдоа и одзедоа две пластични шишиња со непозната течност.

Тој претходно беше пријавен дека агресивно се однесувал кон вработени во казино на улица „Димитар Влахов“, им упатувал закани и оштетил дел од апаратите.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.