АктуелноОхрид

Пронајдени и одземени предмети со остатоци од марихуана во возило кај лице од Охрид

На 17.12.2025 во 20:00 часот, на паркинг простор од деловен објект во близина на Вевчани, полициски службеници од полициското одделение во струшкото село Велешта од слобода го лишија  лице на (23)г. од Охрид.

При извршен преглед во неговото возило „југо“ со охридски регистарски ознаки, пронајдени и одземени се предмети со остатоци од марихуана.

По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.