АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Свечен пречек за Владимир Димитриевиќ – бронзен медалист од Светскиот ИТФ куп

Директорот на училиштето Ристе Јанкоски приреди свечен пречек за
ученикот Владимир Димитриевиќ, по повод неговиот исклучителен спортски
успех и освојувањето на бронзен медал на Светскиот ИТФ куп во Солун.
Медалот е освоен на престижниот меѓународен турнир „King of Taekwon-do“, на
кој учествуваа над 1.400 натпреварувачи од 21 држава, што дополнително ја
нагласува тежината и значењето на овој успех.
Во рамки на средбата, директорот Јанкоски упати искрени честитки до Владимир,
истакнувајќи дека неговата посветеност, дисциплина и спортски дух претставуваат
гордост за училиштето и инспирација за сите ученици. Пречекот беше можност и
за истакнување на значењето на спортот како важен сегмент во воспитно-
образовниот процес.
Нашето училиште изразува искрена благодарност и поддршка за понатамошниот
развој на Владимир и му посакува уште многу спортски и лични успеси во иднина.