На 12.12.2025 година во 16:00 часот, во селото Требеништа, општина Дебрца, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода ги лишија лице на (20) и лице на (24), двајцата од Охрид.
Претходно, на регионалниот пат Охрид-Струга, полициски службеници сопреле патничко моторно возило „поло“ со охридски регистарски ознаки управувано од едно лице од Охрид во кое приведените биле сопатници.
Откако возачот ги забележал полициските службеници, ја зголемил брзината на движење во насока кон полициските службеници и го напуштил местото на настанот.
По преземени мерки, лицата биле затекнати во село Требеништа, каде и беа лишени од слобода. По извесно време, со возило „фолксваген туран“ пристигнал едно лице и повторно со голема брзина го насочил возилото кон полициските службеници по што, избегал.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот по што, поради сомнение за сторени кривични дела по член 215 и 383 од Кривичниот законик, против нив, ќе бидат поднесени кривични пријави.












