АктуелноОхрид

Лице од Охрид при извршување работи во куќен двор во с. Речица пронашол рачна бомба М75

На 12.12.2025 година во 17:30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, лице  од Охрид, при извршување работи во куќен двор во охридското село Речица, пронашол рачна бомба.

Од извршениот увид во присуство на овластено лице-пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, било констатирано дека се работело за експлозивна направа рачна Бомба М75 по што, истата е безбедно подигната за натамошна постапка.