АктуелноОхрид

Приведен охриѓанец, кај него пронајдена и одземена марихуана

На 12.12.2025 година во 23:30 часот, на улицата „1 Македонска ударна бригада“ во Охрид, приведен е лице на (53) од Охрид.

При извршен преглед од страна на полициските службеници од криминалистичката полиција, кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.