АктуелноОхрид

„Духовни разговори“ серија предавања по веронаука во црквата Св. Ѓорѓи во Охрид

Почитувани верници
Од следната сабота (25 октомври) повторно започнуваме со серијата на предавање по веронаука, насловени ДУХОВНИ РАЗГОВОРИ.
Темата која што ќе ја обработуваме во текот на оваа 2025/26 година ќе биде:
ПОСЛАНИЈАТА НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ВО НОВИОТ ЗАВЕТ
Ова сабота терминот за почнување на предавањето ќе биде во 18.00 часот, додека понатамошните средби ќе бидат на секоја втора сабота, со тоа што терминот за започнување ќе биде од 17.00 часот.
Ве покануваме на заеднички средби во црквата „Св. вмч Георгиј“ – Охрид и, како што тоа беше правило на минатите предавања, пожелно е секој од вас да носи со себе НОВ ЗАВЕТ.
предавач:
протоереј-ставрофор
Игор Никовски