Наш ИзборНаш изборОхрид

Розев октомври, настан за подигање на свеста за рано откривање на ракот на дојка

Оваа недела “Збогум Буково” во соработка со “Здружение на лица со дијабет, Охрид”, Уметничка едукативна академија “СЈАЈ” и “Ретко е да си редок” организираат настан со цел подигање на свеста за потребата од рано откривање на ракот на дојката и континуираната и постојана контрола.

Со “5К надеж”, поддршка и љубов испраќаме порака дека ниту една жена не е сама во борбата со ракот на дојка. Вклучете се, прошетајте, трчајте или едноставно присуствувајте и подржете. Секој чекор значи повеќе свесност, повеќе превенција и повеќе животи спасени.