АктуелноОхрид

Лице од Радолишта, струшко вршел јавен превоз без поседување лиценца

ОВР Струга поднесе кривична пријава против лице на (49)г. од струшкото село Радолишта, со привремено живеалиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.

При контрола извршена на улица „Партизанска“ во Струга, полициските службеници од ОВР Струга констатираа дека патничко возило „фолксваген туран“ врши превоз на патници во внатрешниот сообраќај без да поседува соодветна лиценца, издадена од надлежен државен орган.