Вечерва со почеток во 20 часот на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ охриѓани и бројните гости ќе може да го проследат стендап шоуто 2 Mothers Brothers на Никола Тодороски и Стрезо Стаматоски.
Забавниот настан е дел од богатата Новогодишна програма на Општина Охрид, најавува градоначалникот Кирил Пецаков.