На 29.12.2024 во 19.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Струга – Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу патничките моторни возила „шкода“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Министерство за финансии – Царинска Управа, управувано од лице на (60) од струшкото село Велешта и „форд“ со дебарски регистарски ознаки, управуван од лице на (25) од Дебар.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „форд“ и сопатниците лице на (34) и малолетник од кичевското село Долна Бањица, констатирани во Општата болница во Струга.
По овластување на Јавен обвинител, на местото на незгодата, увид извршија полициски екипи