Наш ИзборНаш изборОхрид

Кривична пријава за жител од Горно Татеши – полицијата во неговиот дом пронашла куршуми различен калибар

ОВР Струга поднесе кривична пријава против (40) годишен маж од струшкото село Горно Татеши поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа куршуми различен калибар, наменети за испалување од пиштол и полуавтоматски пиштол.