„Завод и музеј на град Охрид“ за утре најави прес конференција на која ќе се соопштат повеќе детали околу откриените предмети на подрачјето помеѓу селата Волино и Корошишта , кое археолозите го открија утрово, а за кое информира нашиот портал.
Како што јавивме утрово, таму е откриена најмалку една златна маска, и поголеми количини златни монети складирани во ќуп со поголеми димензии.
Како што дознаваме откриетието е на приватен имот, а потрагата почнала од како сопственикот на нивата пронашол стар метален шлем, кој го продал на некој. Институциите примиле информација дека на нивата е пронајден шлем кој се поврзува со историски период кога се правени гробниците во кое претходно се најдени златните маски, по што почнале ископувањата.
Фото и видео : Читател