недела, ноември 24, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Донев: Општина Охрид го добива првиот дел од вкупните 250 милиони евра за сите општини за капитални инвестиции

📌Исполнето е едно од клучните ветувања на Владата на Македонија со кое Општина Охрид го добива првиот дел од вкупните 250 милиони евра за сите општини за реализација на капитални инвестиции.
🚧 Реконструкција на улица во с. Пештани
🚧 Реконструкција на улица во с. Подмоље
🚧 Реконструкција на улица во с. Долно Лакочереј
🛠️ Реконструкција на водоводна линија на ул.„Кленоец“ ЛТХ „Леарница”
🚧 Реконструкција на пешачки улици во рамките на градските гробишта
🚧 Реконструкција на локален пат од крстосница за с. Рамне до црква „Свети Атанасиј“
🛠️ Проект за замена на постоечка опрема во пумпна станица „Метропол“
🛠️ Реконструкција на атмосферска и фекална канализациона мрежа за дел од ул. „Кленоец“
🚧 Реконструкција на улица во село Опеница која води до црквата „Свети Кузман и Дамјан“
🚧 Рехабилитација на дел од локален пат за с. Куратица

✅Подобрување на условите за живеење на сите во Општина Охрид е наш приоритет и продолжуваме со уште посилно темпо да реализираме низа проекти во интерес на охриѓани.

✅Само преку вакви инвестиции државата им враќа на граѓаните и вака го подобруваме реалниот живот на сите луѓе, напиша во својата објава пратеникот Сашо Донев.

 

https://www.facebook.com/share/yYqYJx4Q6XMWA51C/