АктуелноОхрид

По втор пат се организираше настанот Night car show

Изминатиот викенд на отворениот простор во поранешната касарна во Охрид се органзиираше изложба на спортски модифицирани и уникатни автомобили Night car show.

На официјалното отворање на настанот пред присутните се обрати Ана Крстеска, заменик градоначалник.

– Огромно е задоволството да се присуствува  на овој забавно – натрпеварувачки настан  посветен на добрите автомобили и адреналинот кој е составен дел од нив.

Верувам дека не постои човек кај кој не се мамат воздишки штом ги здогледа овие автомобили кои се донесени до перфекција. Посебно за љубителите на автомобилите ваквите настани претставуваат своевидна изложба на уметнички дела.

Ме радува ентузијазмот на организаторите и верувам дека сите заедно овој настан ќе го претвориме во една традиција која ќе биде дополнување на туристичката понуда на Охрид. Верувам дека сите заедно ќе уживаме во разгледот на овие прекрасни автомобили и барем за момент ќе го почувствуваме адреналинот на високите октани.

Упатувам честитки и до сите присутни кои посветиле значајно време во модифицирањето на овие убави автомобили, истакна Крстеска.

Настанот се организира втора година по ред во организација на Охридското здружениена автомобилисти USCCO со поддршка на Општина Охрид.

Целта на изложбата е збогатување на туристичката понуда на Охрид, продолжување на туристичката сезона со атрактивни настани и привлекување на поголем број на домашни и странски гости. Настанот имаше натпреварувачи карактер и беше збогатен со музичка програма и забавни содржини за посетителите.