Делови од Галичица на територија на Македониј и Албанија горат веќе осум дена, а денес на сводот над Охридско Езеро се протегаше огромна завеса од чад.
Охридската противпожарна единица вод тешка битка, ако се знае дека до пределот каде гори треба да се стигне по патот кој води од Охрид до Свети Наум, а кој е константно „заглавен“ и по него сообраќајот отежнато се одвива, па портивпоражрните возила од како ќе интервенираат треба да се вратат назад за да танкираат нови количини вода. Но, враќањето назад некогаш трае предолго бидејќи тие мора да поминуваат покрај нај посетуваните локации на брегот и колоните возила со туристи, што одзема многу време, па пожарот повторно ќе се распламти и целиот труд се губи залудно.
Активни на терен се и екипи на Н.П. Галичица, но просторот каде гори е тешко пристапен, и е миниран со експлозивни средства од Прва светска војна, па се слушаат и експлозии од мини и гранати кои останале тука по крајот на војната.