АктуелноОхрид

Наскоро нова вистинска приказна за ретките херои

Во септември, месецот посветен на подигање на свеста за Душеновата мускулна дистрофија, ќе ја споделиме приказната на Калин – седумгодишно дете чие семејство со љубов, истрајност и надеж се соочува со предизвиците што ги носи оваа дијагноза.

 

Неговата приказна ни ја раскажува неговиот татко Петар. Радоста по раѓањето на Калин, првите сомнежи кога качувањето по скали станало потешко, потрагата по одговори и моментот на поставување на дијагнозата – Петар искрено го споделува патот на нивното семејство. Пат по кој продолжуваат да бараат соодветна грижа, поддршка и можности за подобро секојдневие на својот син. Ова не е само приказна за една дијагноза. Ова е приказна за родителската љубов, за неизвесноста со која не е лесно да се живее и за надежта што семејството ја чува за иднината на Калин.

 

Со споделувањето на нивното искуство се надеваме дека ќе охрабриме и други пациенти и семејства да ја раскажат својата ретка приказна. Не мора да имате одговор на секое прашање за вашето искуство да биде важно. Понекогаш, токму зборовите „и ние поминуваме низ ова“ му помагаат на некого да се почувствува помалку сам. Наскоро запознајте го Калин, низ зборовите на неговиот татко Петар.

 

Секоја приказна е важна.

 

Секоја приказна инспирира.​

 

#DMD ​#Duchenne ​#DuchenneMuscularDystrophy ​#WorldDuchenneAwarenessDay