недела, ноември 10, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Светите апостоли Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник

Сите се од седумдесетмината апостоли. Свети Сила беше испратен од Јерусалим во Антиохија со Павле и Варнава да го решат спорот меѓу верните околу обрезанието, односно дека не треба да се обрезуваат незнабожците кои преминуваат во христијанство (ДАп. 15, 22).

По ова, Сила патуваше со Павле по Азија и Македонија и беше поставен за епископ во Коринт, каде мирно се упокои. Силуан им помагаше на двајцата врховни апостоли (1Пт. 5, 12; 2Кор. 1, 19). Како епископ во Солун се потруди многу и многу претрпе додека не го замени земниот живот со небесниот. Крискент му беше сотрудник на Светиот апостол Павле (2Тим. 4, 10), а потоа епископ во Галија, каде маченички пострада за Христа во времето на Трајан.

 

Свети Епенет, кого го спомнува Светиот апостол Павле (Рим. 16, 5), беше епископ во Картагена. Андроник (Рим. 16, 7), епископ Панонски, се спомнува одделно, на 17 мај.

denovi.mk