АктуелноОхрид

Албански туроператори започнаа да го продаваат Охрид како дестинација за еднодневни ексурзии за туристите од светот

Неколку албански туроператори од пред неколку дена започнаа рекламна кампања со која ги запознаваат туристите кои престојуваат во Албанија но и  мештаните , дека можат да го посетат и Охрид и Македонија на еднодневна екскурзија од Драч, со разглед на знаменитостите, ручек и вечерно враќање назад во Албанија.

Албанија последниве години инвестира милиони во патната инфраструктура. Во моментов го привршува автопатското поврзување на Драч со Ќафасан, делница што многу ќе го олесни трансферот на туристите и отвора перспективи за еднодневни екскурзии до нашата земја.

Овие понуди за посета на Охрид им се нудат на гостите кои се сместени во ресортите во Драч.