Денес, славно празнувајќи, неискажливо се радуваме заради слегувањето на Светиот Дух, денес со вострог се радуваме заради ,,роденденот на нашата Црква’’! Зашто денес, воден од бескрајната Своја љубов кон Синот, Духот Свети, Кој исходи од Отецот, со бесконечна послушност брза да ја исполни желбата на Синот и слегува над апостолите.
Духу Свети, Утешителу, Кој си насекаде и се исполнуваш, дојди и всели се во нас, зашто Ти си живот вечен, Ти си сокровиште на сите добра, Ти си слава неискажлива, Ти си надеж непоколеблива, Ти си радост бескрајна и светлина незалезна!