Питачи од цела македонија пристигнаа и ова лето на „печаба“ во Охрид. Сосема е јасно дека некој организирано ги транспортира овие луѓе во градот и ги остава по улиците да питаат,а од тоа заработува пари.
Користејќи го топлото време тие не се трудат ни да се сместат некаде во некаков објект , туку ноќеска спиеа во парковите низ градот , а утрово продолжија да одмараат под сенките во тревниците на центарот во Охрид. Распослани по тревата со куфери во кои чуваат облека и предмети , колички за деца во кои што спијат малите деца, тие буквално се населија во тревниците низ центарот на градот. Тука ноќеваат, тука живеат, питаат по градот, јадат, а нејасно е каде одржуваат хигиена и вршат физиолошки потреби.
Оваа појава е присутна со години и досега не е најдено решение за неа , но се чини дека годинава со почетокот на летото и со топлиот бран, сликата е уште полоша, бидејќи тие буквално се населија во тревниците во центарот на Охрид.