Наш изборНаш ИзборРепублика

Почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија.

Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди меѓу кои Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена…

Тој во текот на својата кариера организирал над 5.000 концерти, промовирал безброј пејачи и фудбалери, а како што вели, лажирал и 135 натпревари… Но и покрај тоа многумина го нарекувале и „крал на југословенската естрадна и спортска сцена“.

Лани во април големо внимание предизвика неговата биографската книга „Џаро – живот на коцка“ , што ја напиша неговата ќерка Милица Џаровска.

Од своја страна, Џаровски рече дека иако не му дала да ја авторизира книгата Милица, пренела речиси сѐ што рекол автентично.