АктуелноОхрид

Како за Бајрам, така и за Велигден: Во недела бесплатно шишање за сите деца во бербер шоп „Шогун“

Како за Бајрам, така и за Велигден, порача познатиот охридски бербер Неат Алим- Шогун, чија работа и однос кон сограѓаните е само уште една потврда дека на овие простори живеат луѓе со големи срца, кои никогаш наназад низ историјата не гледале на верата, бојата на кожата и дали некој имал или немал повеќе или помалку од нас.

– Почитувани мои Охриѓани, се ближит големиот Православен празник-Велидген. Одлучивме заедно со берберот Емин Алим од Barber shop Shogun, во недела, на 28-ми април 2024 година, во нашата берберница „Шогун“ да посветиме еден ден за сите деца од православна вероисповед за кои шишањето ќе е бесплатно. Деца ве очекуваме, порача Бербер Шогун.

Неодамна тој организираше слична акција и за празникот Рамазан Бајрам и потенцира дека планира акцијата да стане традиционална за двата најголеми празници. (Крај)

извор: ОхридПрес