петок, ноември 15, 2024
Наш изборНаш ИзборОхрид

Утре во Македонија нов влажен бран кој ќе донесе нови врнежи од дожд – Овој пат повторно ќе забелат планините над 1400-1500 метри

По денешниот претежно стабилен и сув ден со повеќе сончеви периоди, но релативно поветровит за разлика од изминатите неколку денови, веќе во текот на претстојната ноќ, према утрешните рани утрински часови, како и утре повторно во Македонија очекуваме нови повремени врнежи од дожд. Локално врнежите повторно ќе бидат нешто пообилни, а ќе има услови и за ретка појава на грмежи.

Овој пат на планините со надморска височина од над 1400-1500 метри ќе има  и повремени врнежи од снег, а на повисоките планини ќе се формира нова помала снежна покривка. Утре ќе дува  и слаб до умерен ветер од северозападен правец, и истиот Долж Повардарието повремено ќе биде засилен на интензитет.

Повремени врнежи од дожд утре ќе има  и во Скопскиот регион.

Што се однесува до температурите, утре тие ќе бидат на кратко нешто пониски за разлика од денес и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени. Во Скопје температурата утре ќе се искачи до околу 15 степени, пишува во новиот извештај метеопрогнозерот Славчо Попоски.