АктуелноОхрид

Во Охрид до 13 часот гласале 23,83 проценти од гласачите, во Дебрца излезноста 23 отсто

Излезноста на првиот круг од претседателските избори во Охрид до 13 часот е 23,82 отсто. Според информациите од Општинската изборна комисија (ОИК) гласањето се одвива непречено и без проблеми.

До ОИК се доставени два приговори на лица кои не се најдени во избирачките списоци и се постапува по насоките на ДИК.

Излезноста на изборите во Општина Дебрца до 13 часот е 28 проценти.

Нема забелешки на досегашниот тек на изборниот процес.