АктуелноОхрид

Полицијата уапси охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

48-годишен охриѓанец е уапсен денеска откако бил фатен како го фотографира гласачкото ливче.

Во 12.15 часот, во СВР Охрид приведе 48 годишен Охриѓанец, затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.