МагазинНаш ИзборНаш избор

(ФОТО) Храмот Св. Петка во Прилеп разубавен со нови порти и кристални лустери

Најновиот и најраскошниот црковен храм во Прилеп, Св. Петка во населбата “Точила”, благодарение на домаќинското работење и донациите од верниците, се поднови со нови порти и кристални лустери.

-Пред се’ благодарение на Бога а потоа на здружените сили на семејствата Стојкоски, Станчески, Грданоски и на храмот св. Петка, зачинети со умешноста на фирмата Кристални Лустери (SDK Kristalni lusteri) нашиот храм се поднови со уникатен полиелеј кој дополнително ќе ја разубави внатрешноста на храмот. Бог да им дарува здравје и спасение на семејствата кои помогнаа да се оствари овој проект како и на изработувачот, фирмата Кристални лустери – напишаа од храмот Св. Петка.

Пред неколку дена храмот доби и порти, а кога на тоа ќе се додаде уреденоста на дворот, уредените тревници, дрвцата, цвеќињата… може да се каже само едно – секоја чест за луѓето од управата и свештениците.

 

 

markukule.mk