Во текот на следните часови од запад се очекува постепено врнежите да престанат во Македонија, но и ќе има постепено, но не и целосно намалување на облачноста низ државава.
Токму поради ова намалување на облачноста, во текот на претстојната ноќ и утре рано наутро ќе биде значително постудено, па така на повеќе места температурите утре изутрина ќе се спуштат близу 0 степени, но не очекуваме појава на мраз, со исклучок на повисоките места и на планините каде температурите ќе се спуштат за некој степен под нулата. Таму е можна појава на слаб мраз.
Во продолжение погледнете ги очекуваните температури за утре рано наутро, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.