среда, ноември 20, 2024
МакедонијаНаш изборНаш Избор

Утре недела, нови обилни врнежи од дожд и снег на повисоките места, температурите ќе опаднат значително

Денес иако со повеќе сончеви периоди во Македонија, сепак во попладневните часови ќе има појава на повремен локален дожд, што значи дека ќе има нешто повеќе облачност.

Под влијание на нов поголем влажен и студен воздушен бран од север  и од северозапад, утре на повеќе места низ Македонија ќе има нови пообилни врнежи од дожд кои локално ќе бидат проследени и со појава на грмежи, како и со засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Локално ќе наврнат нови над 25 л/м2 воден талог.

Поради падот на температурите на воздухот, на планините и тоа особено во западните  и во северозападните предели со надморска височина од над 1100-1200 метри ќе има врнежи од снег, со што ќе се формира  и снежна покривка со висина од 5 до 10 cм, на повисоките планини таа би можела да биде  и поголема.

Што се однесува до температурите, до крајот на денов тие ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени. Утре ќе биде значително посвежо и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени, пишува во најновиот извештај метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk