Кандидатката за претседател Гордана Силјановска-Давкова, се сретна со поранешниот шеф на државата Ѓорге Иванов. Силјановска-Давкова напиша дека средбата минала во пријатна атмосфера и дека разговарале на многу теми.
„Во пријатната атмосфера, денес, во неговиот роден град Валандово, се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов.
Имавме можност да поразговаравме за многу теми и да споделиме искуства за кампањите, како и двата негови мандати кои беа исполнети со многу предизвици.
Размената на искуства и мислења се значајни за периодот кој ни претстои.“, напиша Силјановска-Давкова.