среда, ноември 20, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Лице од Струга вршел јавен превоз на патници без лиценца

СВР Охрид поднесе кривична пријава против (34) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.

При контрола во сообраќајот, извршена на 02.04.2024 на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници го затекнале пријавениот, како со свое патничко возило „Форд“ со струшки регистарски ознаки врши јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај без да поседува лиценца за таа дејност издадена од надлежен државен орган.