На 15.04.2024 во 19.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода лице на (40) од Охрид.
При извршен преглед, кај него е пронајдена и одземена бела прашкаста материја, додека при претрес во неговиот автомобил „Шкода“ биле пронајдени и одземени дигитална вага и метален грендер.
- Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што, пронајдени и одземени се предмети со остатоци од марихуана, од кафеава материја и од бела прашкаста материја и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.Лицето беше задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.