Наш изборНаш ИзборРепублика

Интерпол го приведе екс-разузнавачот Грујевски во Хрватска и го ослободи

Поранешниот разузнавач и началник на петтата управа Горан Грујевски бил уапсен во хрватскиот град Загреб, и набрзо потоа ослободен. Приведувањето го спровело хрватското одделение на Интерпол по меѓународната потерница која беше распишана по него во 2107 година, неколку месеци по тогашната смена на власта и насилниот упад во Собранието, објави slobodnaevropa.mk.

Македонското министерството за внатрешни работи добило известување дека вчера Грујевски бил приведени, но денеска (14 април) им пристигнало известување дека е ослободен. Повеќе детали за причините зошто по краток притвор Грујевски е ослободен засега нема.

Ова е второ приведување на поранешниот разузнавач Грујевски.

Првото приведување беше спроведено од Интерпол во Грција во октомври 2017 година. Тогаш Грујевски заедно со неговиот колега бегство и во Управата за безбедност и контраразузнавање и Никола Бошковски беа уапсени на солунскиот аеродром со фалсификувани бугарски пасоши под имињата Неџби Хасан и Христо Атанасов.

По нив беше распишана меѓунардона потерница во 2017 година.

„ Се бара по Наредба на Апелационен Суд Скопје во врска со истрага за кривични дела „Злосторничко здружување“ чл. 394 ст. 1, „Злоупотреба на службена положба и овластување“ чл. 353 ст. 5 в.в. ст.1 в.в. чл. 22, „Фалсификување службена исправа“ чл. 361 ст. 1 в.в. чл. 23 и „Фалсификување службена исправа“ чл. 361 ст. 1

Македонската полиција по него трага речиси 6 години. Поранешните разузнавачи беа обвинети за уништување на опремата за прислушување во УБК како и за организирање на настаните на 27 април 2017 во Собранието Никола Бошковски и Горан Грујевски. Тие по првото приведување побараа азил во Грција, од каде што грчкиот Врховен суд го одби барањето на македонскотo Mинистерство за правда за екстрадиција. Тие исто како и поранешниот премиер Никола Груевски својата одбрана во судот ја претставуваат како политички прогон.

Тие беа обвинети во предметот на Специјалното јавно обвинителство наречен Тврдина за уништување на системи за следење на комуникации непосредно по објавување на таканаречените опозициски „бомби“ во 2015 година.

Но, со измените на кривичниот законик предметот Таргет -Тврдина застаре на 7 септемрви 2023 година. Со тоа

Со тоа, запира кривичната постапка за обвинетите Сашо Мијалков, Горан Груевски, Надица Николиќ, Владимир Варелов, Маријан Шумуликоски и Васил Исаковски за делата „злосторничко здружување“ и „злоупотреба на службена положба и овластување, појасни денеска јавната обвинителка за случајот, Ленче Ристовска.

Извор:slobodnaevropa.mk