МагазинНаш ИзборНаш избор

„Просечен македонски озборувач има 35 години, а дома му оставаат пари за бурек и цигари“, отворен разговор на Игор Џамбазов

„Просечниот македонски озборувач има 35 години, невработен е, мајка му и татко му сабајлето му оставаат 200 денари на масата за да има за интернет, бурек, јогурт и за цигари. И откако ги јаде бурекот и јогуртот, ќе ја запали првата цигара, го отвора телефонот и ги решава проблемите на државата“, вели во својата брутално искрена изјава Џамбазов.

Новата епизода од серијалот „Приказна“, која ќе се прикажува во недела, 14 април, ја обработува темата за озборувањето.

„Озборувањето е една деформација на општеството. Во новата приказна откриваме што се крие зад озборувањето и кои се негативните последици од него. Дали свесно и често озборувате?“, стои во најавата на емисијата, а во која е гостин Игор Џамбазов.

Актерот и шоумен, без влакна на јазикот, го раскажува својот став за озборувањето, но и неговата дефиниција како изгледа класичен озборувач во Македонија.

„Колку помалку проблеми имаат луѓето, толку помалку озборуваат. Кога си сакал да бидеш од пилот до актер, а не си станал ништо, ти останува само да ги озборуваш пилотите и актерите кои станале тоа пред тебе.

Само заради тоа што сакале и имале јасна цел во животот.

И затоа ти реков, просечниот македонски озборувач има 35 години, невработен е, мајка му и татко му сабајлето му оставаат 200 денари на масата за да има за интернет, бурек, јогурт и за цигари.

И откако ќе ги изеде бурекот и јогуртот, ќе ја запали првата цигара, го отвора телефонот и ги решава проблемите на државата.

Јас се борам за својата држава на сосема поинаков начин“, вели Игор во најавата.

Неговиот искрен став предизвика бурни реакции, а видеото со скоро 300.000 прегледи за еден ден стана вирално и се споделува на Инстаграм.

„Точно во срж“, „Многу продукти наброи за 200 денари“, „На место кажан секој збор“, „Со 200 денари денес само бурек“, „Тоа е тоа, 300% си во право“, се дел од коментарите.

 

crnobelo.mk