Наш изборНаш ИзборОхрид

Приведени двајца стружани поради вербална расправија во угостителски објект во Струга

На 13.04.2024 година во 00.30 часот, во угостителски објект во струшката населба „Езерски лозја“, лишени од слобода се лице на (36) и лице на (38), двајцата од Струга.

Тие претходно во објектот предизвикале вербална расправија со присутните гости, а потоа, пред објектот оштетиле неколку возила и физички го нападнале и повредиле вработениот лице од Охрид.

Двајцата се однесувале агресивно и кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.