На 12.04.2024 година во 18.35 часот, на булеварот „Железничка“ во Охрид, лишен од слобода е лице на (24) од охридското село Куратица кај кого, при извршен преглед, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана.
По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.