Во центарот на Тетово вчера дошло до пукање на булеварот „Илинден“. Според неофицијални информации, се работи за обид за убиство, а на местото на настанот се пронајдени најмалку пет чаури.
-Во 22:45 часот М.Т. од Тетово во СВР Тетово пријавил дека од страна на непознато лице е пукано со огнено оружје од возило во движење во неговата куќа во Тетово. Досега нема пријава за повредени лица, информираа од СВР Тетово.
Полицијата со ленти го блокираше движењето за возила по делот од булеварот каде што се пукало.