АктуелноВидеаВидеоНаш изборНаш ИзборОхрид

(ВИДЕО) Во промотивно видео на АППТМ емитуван на РАИ, Охрид наречен престолнина на Бугарско Царство

ИМА ЛИ ВЛАДАТА КОНТРОЛА ШТО СЕ ОБЈАВУВА ВО ПОРМОТИВНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ ЗА КОИ ТРОШИ НАРОДНИ ПАРИ ? !

Во промотивен прилог емитуван на италијанската државна телелвизија РАИ, Охрид е наречен престолнина на Првото Бугарско Царство, а манастирот Свети Наум Охридски исто така е оквалификуван како културно наследство на Првото Бугарско Царство.

Видео прилогот е поставен на ФБ страницата „Македонија Вечна“ која е во сопственост на „Агенцијата за порддшка и промоција на туризмот на Република Македонија“ . Репортажата соред обхавата екипата на РАИ во Македонија престојувала во ноември минатата година.

Како оваа владина агенција, која троши државни пари од буџетот зела учество во креирање на вакво видео со кое се промовира Македонија пред италјанската публика не е јасно и дали воопшто луѓето во оваа агенција водат сметка и гледаат што се објавува во промотивните материјали останува да видиме.