петок, ноември 15, 2024
МакедонијаНаш изборНаш Избор

МТСП: 24 април и 8 мај деновите кога Македонија ќе гласа се неработни

Земајќи го во предвид Решението за распишување на избор за претседател („Службен Весник на РСМ“ бр.37/24), како и Решението за распишување на избори за пратеници во Собранието („Службен Весник на РСМ“ бр.37/24), Министерството за труд и социјална политика информира дека по донесената одлука на 14та владина седница – 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) се прогласени за неработни денови за сите граѓани.

Како министерство препорачуваме до сите институции и работодавачите од приватниот сектор на територијата на државата да ги спроведат заклучоците од Владата за неработните денови со цел секој граѓанин да може непречено да го оствари своето право на глас во избирачката единица во којашто е регистриран, се вели во соопштението од МТСП.