Република

Бојмацалиев: Внатрешна контрола во МВР ќе го разгледува приведувањето на новинарот Салиу

Во текот на вчерашниот ден имавме случување каде беше уапсен новинар, имавме бурна реакција од граѓаните и оправдана е реакцијата, рече заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев по посетата на СВР Охрид одговарајќи на новинарско прашање за приведувањето на новинарот Фуркан Салиу.

Потецираше дека во моментов имаме министер кој е од политичка партија кој во минатато знаеше да се спротивстави на гласните новинари, да ги апсат, да затвораат телевизии и сосема оправдано е, вели, што граѓаните реагираат на овој начин.

-Во врска со тоа што и како се случувало јас нема да дадам повеќе информации од тоа што е дадено во соопштението на МВР, бидејќи од денес и внатрешна контрола е вклучена во самиот тек. Што точно се случувало, на кој начин е упасен, дали имало потреба и за сето тоа што е преземено, мој коментар ќе дадам по завршување на извештајот од внатрешна контрола, рече Бојмацалиев.