Македонија

Британец починал на Клиника, бил донесен во тешка состојба

Вчера вечер, во 19.12 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека на една од клиниките починал 63-годишниот А.Г.Г. од Велика Британија, кој престојувал во хотел во Скопје, извести МВР.

Според пријавеното, на 01.04.2024 во 23.28 часот тој бил донесен во клиникита во тешка здравствена состојба, а на 03.04.2024 починал, соопшти МВР.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.