На нова зграда на улицата Димитар Влахов адресата напишана на латиница. Малку чудно и невообичаено за Градот кој е лулка на писменоста и културата во целата охридска околина и пошироко во Македонија, поточно на христијанството на Балканот.
Дали со овој потег ние си го потценуваме кириличното писмо со кое треба да се гордееме?
Посебно загрижува тоа што ова се случува во време кога младите користејќи интернет се помалку користат кирилица, па наместо да ги навраќаме на корените, ние со вакви потези ги „охрабруваме“ да користат латиница.