Користењето на првото знаме на независна Македонија, Сонцето од Кутлеш, може да ве чини 200 евра, поради прекршување на јавниот ред и мир, дури и на неофицијален настан.
Ваквата забрана за користење на првото официјално знаме по независноста на Македонија доаѓа со потпишувањето на договорот од Нивици, на кој параф со покровителство на тогашните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас, ставија министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас.
Со Преспанскиот не е забрането приватно користење на Сонцето од Кутлеш, но македонските власти и во овој случај одат чекор понатаму и го надградуваат Договорот, па гонат обични граѓани.
Поради договорот потпишан покрај Преспанското езеро, Македонија дури и брусеше шахти, а на сите споменици со овој македонски симбол се додаваше дека биле дел од хеленската историја, а за тоа имаше рок од шест месеци од влегувањето во сила на овој договор. Ова е пропишано во членот осум став два.
Македонија досега ги исполни речиси сите свои обврски од Преспанскиот договор. Покрај променаа на името на државата, променети беа имиња на институции и многу други работи. Додека пак од страна на Грција не е исполнето речиси ништо, па дури ни некои најпрости како промена на паткозите кај јужниот сосед, на кој се уште пишува Скопје, наместо новото уставно име на државата, нешто што е нивна обврска од договор во Нивици.