Во 1860 година на традиционалниот конкурс за поема, што се одржа во Атина, македонскиот писател Григор Прличев доби „Ловоров венец“ за поемата “Сердарот”.
Поемата е напишана во 1860 година, а за нејзиното значење доволно зборува и фактот што поради неа бил наречен „втор Хомер“. Оригинално е напишана на грчки јазик како „О Арматалос“, но при крајот на животот Прличев ја превел на македонски јазик. Во меѓувреме, по дознавањето за трагичната смрт на
неговите драги пријатели, браќата Миладиновци, веднаш се вратил во Македонија. 1871 година е доста важна година во неговиот живот, кога ја препејува егендарната поема „Илијада“, по што е наречен втор Хомер.
Григор Прличев е еден од најпознатите писатели во македонската литература од 19-от век. Делата на овој преродбеник и литерат, зрачат со епохалност, симболичност и енергија која ја воведе македонската литература во едно ново поглавје. Неговата работа и дело го претставуваат како еден од најпродуктивните македонски писатели од периодот кога Македонија водела силна битка со културната преродба.