АктуелноОхрид

Одличен настап на Велевски и Ѓеоргиевски во Охрид – реалноста која ни ја пренесоа преку хумор, до солзи ги насмеја Охриѓани

Без притисоци и списоци, без телефонски повици и без сендвичи и комбиња! Смеење до солзи, преполна сала во центарот за култура Григор Прличев синоќа во Охрид. Вака накратко може да се опише синоќешниот стенд АП митинг со Бојан Велевски и Марјан Ѓеоргиевски.

Имено, преку хумор Велевски и Ѓеоргиевски ни ја претставија политичката сцена во Македонија што би се рекло во очи на кампањата за изборите.

Двајцата зборувајки како политичарите, својата кампања ја нарекоа „За спас на Македонија!“, а при тоа не пропуштија да ги споменат сите празни ветувања од политичарите кои ги даваа само додека седнат во дебелите и удобни фотељи. Тие при тоа ни понудија префинет, политички, интелигентен хумор, по текст на маестро Божидар Божиновски. Овој перформанс наиде на одличен прием кај Охриѓани. Испратени со овации и голема поддршка во нивниот поход да го разубават бар за тие час и половина секојдневието во овие тешки времиња.

Интерсно е тоа што не само што салата беше преполна, туку многу Охриѓани доцнејќи да купат карта синоќа немаа можност да уживаат во перформансот. Токму за нив, но и сите останати кои жалат што не присуствувале и преголемиот интерес Велевски и Ѓеоргиевски ветуваат дека за скоро ќе не посетат повторно. Точниот датум секако навремено ќе го објавиме.