АктуелноОхрид

Пратеничката Лазаревска на 6 то место на листата за пратеници од СДСМ за 5 тата ИЕ

СДСМ денеска одржува седници на Централниот и на Извршниот комитет, а попладнево ќе одржи конгрес на кој ќе биде донесена одлука за листите за пратеници за парламентарните избори 2024 на 8 мај.

Според информации на МИА од СДСМ, носител на листата на партијата и коалицијата во Првата изборна единица е Димитар Ковачевски а како втора ко-носителка е Моника Зајкова од ЛДП.

Во Втората изборна единица прв е Оливер Спасовски а зад него Фатмир Битиќи, во Третата Сања Лукаревска и Љупчо Николовски, во четворката Венко Филипче и Јована Тренчевска, во петката Јован Митрески и Бисера Костадиновска, додека во Шестата изборна единица листата ја предводи Славјанка Петроска а зад неа е Агрон Демири.

Охрид спаѓа во петтата изборна единица.Телевизија Клан неофицијално ја објави листата на кандидати за пратеници за петтата ИЕ.

извор: ТВ Клан