СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (47)г од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
Тој, од личен профил на социјалната мрежа Фејсбук во повеќе наврати објавувал коментари со заканувачка и навредлива содржина.